Управниот Одбор на Трета Фудбалска Лига – Исток на состанокот што изминатата седмица се одржа во Пробиштип донесе одлука натпреварувачката 2025/2026 да стартува на 7. Септември.
Донесена е одлука котизацијата да е во висина од 200.000 денари за целата сезона, односно по 100.000 денари за есенскиот и исто толку за пролетниот дел од првенството.
Брегалница Делчево, Хоризонт Турново, Овче Поле, Карбинци, Дојранско Езеро, Светлост Зрновци, Малеш, Ударник, Тиверија, Рудар, Победа Валандово и Вардарски се дванаесетте екипи кои ќе се борат за највисок пласман.
Регистрирањето на играчите е во тек, започна на 15 Јуни и ќе трае се до 06. Септември.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ