ДВЕ БРОНЗИ ЗА БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „ЛЕГЕНДИТЕ НА ЛИРИЈА МЕНТАЗ АЛАЈБЕГУ И ХАЈРУШ СИНАНИ“

Во Спорт
ноември 19, 2022
1 минути

Во организација на Боречкиот Клуб „Лирија“ од Скопје а со поддршка  на  Боречката федерација на Македонија денес во Спортската сала „Зеф Љуш Марко“ на програмата беше 9-тото издание на меѓународниот турнир во борење „Легендите на БК Лирија – Ментаз Алајбегу и Хајруш Синани“.

На турнирот право на учество имаа борачи родени 2010 -2012 (четири категории) и борачи родени 2007 – 2009 година (десет категории).

Борачите на „Спартак“ од Кочани на турнирот учествуваа со тројца натпреварувачи кои на крајот обезбедија два бронзени медала и едно петто место.

Со бронзени медали се закитија: Едис Билалов до 35 килограми и Филип Ангелов до 62 килограми. Третиот претставник на „Спартак“  Андреј Соколов во многу силна конкуренција го освои петото место.

С.  Ивановски