ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, ТРИ ЕКИПИ ГО ДЕЛАТ ВРВОТ СО ИСТ БРОЈ БОДОВИ

Во Спорт
септември 28, 2025
1 минути

Се одиграа натпреварите од 4-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток, по кое три екипи се на врвот на табелата со ист број на бодови.

По денешната победа како гостин екипата на „Хоризонт Турново“ се најде на врвот на табелата со ист број на бодови но со подобра гол-разлика од „Победа Валандово“ и „Овче Поле“.

На дното на табелата иста мета, исто растојание, две екипи „малеш“ и „Светлост“ се единствените што немаат освоено ниту бод.

Резултати од 4-тото коло:

Карбинци – Дојранско Езеро  3:0

Ударник – Светлост  7:2

Тиверија – Хоризонт Турново  2:3

Брегалница – Рудар  2:1

Победа – Овче Поле  3:1

Слободна беше екипата на Малеш.

На табелата во водство се „Хоризонт Турново“, „Победа“ и „Овче Поле“ со по 9 бодови, „Карбинци“ и „Рудар“ со по  7 бодови, „Ударни“ и „Брегалница“ со по 6,  „Тиверија“ и „Дојранско Езеро“ со по 3, „Малеш“ и „Светлост“ 0 бодови.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ