Дека од година во година се поголема е заинтересираноста на полициските службеници да бидат хумани и да даруваат крв се потврди на денешната трета по ред, воедно и последна годинешна крводарителска акција.
Иако постоеше доза на страв дека поради пандемија нема да има голем одѕив. сепак полициските службеници и овој пат ја покажаа својата хуманост, акцијата помина успешно а како плод на истата собрани се 26 крвни единици.
Крводарителска акција ја организираше Полициска станица од Кочани во соработка со „Црвен крст“ – Кочани и „Институтот за трансфузиона медицина“ од Скопје.
С. Ивановски