Вечерва во спортската сала на ОУ „Никола Карев“ во Кочани пред повеќе од двестотни гледачи екипата на КМФ „Фудбалс Старс – Ауто Велт“ – Кочани во рамките на 5-тото коло во Втора Футсал Лига ја совладаа екипата на КМФ „Кратово“ – Кратово со резултат 3:0.
Со головите на Кико Крстев (2) и на Драган Трајчев (1) кочанчани стигнаа до третата победа од четирите одиграни натпревари и се најдоа во горниот дел на табелата.
Носени од верната публика кочанчани доминираа на теренот, прикажаа добар и ефикасен фудбал и навестија уште подобри резултати во следните кола.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
