ТРЕТО МЕСТО ЗА БК „СПАРТАК“ НА ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ, У-15 – ПИОНЕРИ И ПИОНЕРКИ

Во Спорт
април 21, 2024
1 минути

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка организација на БК „Балканец“ денес во Штип во Спортската сала „Јордан Мијалков“ се одржа годинешното Државно првенство во борење слободен стил за У-15-пионери и пионерки.

БК „Спартак кој со големи амбиции замина на првенството на крајот во екипна конкуренција го зазеде третото место со заостанување зад првопласираната „Лирија“ само три бода, односноно еден бод заостанување зад второпласираниот „Балканец“.

Што се однесува во поединечна конкуренција, „Спартак“  настапи со 15 борачи кои освоија 10 медали од кои 2 златни, 3 сребрени и 5 бронзени.

Златните медали ги освоија:

Јован Илијев (48) и Филип Ангелов (85).

Освојувачи на сребрени медали:

Стојана Митева (54), Христијан Илијев (41) и Даријан Павлев (62).

Со бронза се закитија: 

Славица Митева (50), Едис Билалов (41), Павел Темелков (68), Матеј Максимов (75) и Андреј Коцев (85).

Без пласман останаа: Мартин Цветков, Илија Иванов, Кирил Хазуров, Андреј Јованов и Петар Богданов.

Зоран Сребренов, Влатко Соколов и Иван Јанев како тренери ја водеа екипата а судии од Кочани кои ја делеа правдата се Игор Христов и Гоце Ангелов.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ