ТРЕТО МЕСТО ЗА ГЛИГОР МИШОВ ВО НАТПРЕВАРУВАЊЕ НА ХРАНА НА ТРАДИЦИОНАЛЕН НАЧИН

август 19, 2022
1 минути

Нашиот сограѓанин Глигор Мишов го освои третото место на VI  по  ред Меѓународен натпревар во подготовка на храна на традиционален начин „Гулашијада – Јесеново 2022“.

На натпреварувањето кое на 30 Јули оваа година се одржа во Јесенова близу Деспотовац (Република Србија) учествуваа 17 екипи од државите од Балканот: Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Македонија и Србија, а Глигор Мишов беше единствениот претставник на „Гастромак“ од Македонија заедно со неговиот ментор Шеф Иван Велков.

Овој успех го охрабри Мишов кој за прв пат настапи на едно вакво натпреварување и вети дека тука нема да застане, следен негов и на неговиот ментор предизвик е натпреварувањето што е закажано за оваа есен кое ќе се одржи во Ниш или Белград.

С. Ивановски