Во пресрет на новото првенство во Трета Фудбалска Лига – Исток, денес во простпориите на ОФС – Кочани Претседателот на Трета Фудбалска Лига – истој Александар Андов и додели по 20 топки на третолигашите, донација од ФФМ.
Претставниците на клубовите кои ги добија топките ја поздравија оваа иницијатива на ФФМ бидејќи во овие времиња секоја донација е добредојдена за клубовите.
„Ја поздравувам оваа иницијатива. Доделивме по 20 топки за секој клуб од Третата Лига – Исток, кои ги донираше Фудбалската Федерација на Македонија. Се надеваме дека во иднина ќе има и други слични донации се со цел да се подобрат условите за игра на третолигашите“ беше изјавата на Александар Андов – Претседател на Трета Фудбалска Лига – Исток.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ