ТРИ МЕДАЛИ З А ЏУДИСТИТЕ НА „ГЛАДИЈАТОР“

Во Спорт
април 17, 2022
0 минути

Во организација на Џудо Федерацијата на Македонија во Кавадарци се одржа годинешното „Државно првенство за кадети и кадетки“

ЏК „Гладијатор“ од Кочани на првенството партиципираше со пет натпреварувачи кои во конкуренција на 80 натпреварувачи освоија три медали од кои една сребрена и две бронзени.

Станислав Грпов го освои сребрениот медал додека бронзените ги освоија Стефанија Павлова и Ненад Максимов.

Од клубот се сепак задоволни од настапот на сите натпреварувачи како и освоените медали.

С. Ивановски