По повод одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани, денес во просѕориите на Локалната самоуправа – Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов приреди прием за првенците на генерацијата од основните и од средните училишта, како и за учениците што освоиле прво место на државните или прво, второ и трето место на меѓународните акредитирани натпревари.

Климент Филипов како Првенец на генерацијата, Бјанка Димов и Теодора Захариева заедно со менторот, професор Благок Николов од ООМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани беа дел од наградените.

Тие преку годината ги имаат освоено највисоките специјални награди на Државниот акредитиран натпревар, како и на Меѓународниот фестивал Сергеј Михајлов во Штип..

Климент Филипов, Бјанка Димов и Теодора Захариева се со освоени највисоки награди годинава меѓу учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“.- Кочани.
Признанијата се во вистински раце, а истите се плод на една систематска работа кој со години се спроведува во ова основно музичко училиште во Кочани.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
