УЧЕНИЦИ ОД КРИЖЕВЦИ ЗИМУВААТ НА ПОНИКВА

февруари 24, 2025
0 минути

Во рамките на соработката меѓу двата збратимени града Кочани и Крижевци, осуммина ученици од Основното училиште „Људевит Модец“ од Крижевци, Република Хрватска, престојуваат на Пониква.

Основците придружени од директорот на училиштето Томислав Богдановиќ и наставничката Сузана Балиќ, велат дека уживаат во убавините на Осоговските Планини.

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов ги посети гостите кои му ги пренесоа впечатоците од престојот на Пониква. Наредниве денови службите  од Општина Кочани организираат повеќе содржини и средби со врсници од Кочани.

Зимувањето на дел од најдобрите ученици од Крижевци го обезбедува Општина Кочани. Соработката меѓу двата збратимени града, воспоставена во средината на осумдесеттите години, Градот Крижевци овозможува летување на островот Паг на учениците на генерацијата од осумте училишта од Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ