УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖАА ДЕНОТ НА ШЕГАТА

април 1, 2024
1 минути

И учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари со настап и дефиле го одбележаа Први април денот на шегата.

Во спортската сала на училиштето со свои точки се претставија сите ученици од прво до деветто одд.

Преку шеги, маски, игри и забава за миг ги оттргнаа возрасните од секојдневните грижи и проблеми и ги развеселија. Меѓу децата имаше и две маскоти кои дополнително им го разведрија денот на децата.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ