УЛИЦАТА „ПОП АРСОВ БЛАЖЕ“ СО ПРОБЛЕМ КОЈ НИКОЈ НЕ САКА ДА ГО РЕШИ

септември 15, 2022
1 минути

Жителите од улицата „Поп Арсов Блаже“ во населбата  „Трајаново трло“ како што истакнуваат веќе подолг период се соочуваат со проблем кој настанал при асфалтирањето на новата улица.

Имено изведувачот при асфалтирањето ја затрупал шахтата и сега низ улицата течат фекалии кои не само што создаваат непријатна миризба туку се штетни и по здравјето на луѓето.

За нивниот проблем биле известени сите релевантни институции во општината но до сега никој не покажал интерес да дојде и да ја отстрани настанатата штета.

Во оваа прилика упатуваат апел, конечно да се некој позанимава со нивниот проблем, да дојде и да ја исправи направената штета.

С. Ивановски