УНИШТУВАЊЕТО НА ОПШТЕСТВЕНИОТ ИМОТ СТАНА СЕКОЈДНЕВИЕ

август 21, 2024
0 минути

Фотографиите кои што ги добивме го отсликуваат секојдневието, во кое закони има само на хартија, но никој не се труди да ги претвори во реалност.

Како што не информираат жителите од горниот дел на градот (од училиштето Раде Кратовче па нагоре) ова се случува во ноќните часови кога младите од само нивни познати причини ги фрлаат во реката клупите кои се поставени на кејот како и знаците за одбележување дека има градежна активност.

Но тоа нема ништо да биде по она што следува.

Имено започнува доставата на огревни дрва. Оние што ги растовараат не гледаат и не ги интересира каде ги фрлаат, дали на тротоарите со нови бекатон поставени плочки, или на места каде може да има оштетување. Нив тоа не ги интересира, сакаат што побргу да ги растовараат и да заминат на друга локација.

Ова е едно предупредување бидејќи години наназад се навикнавме на вакви случувања и оштетување на заедничкиот имот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ