Во организација на Клубот за планинарски спортови „Осоговоски Орел“ во неделата околу езерото Гратче се организираше годинешната ридска трка „Гратче Траил 2024“.
196 натпреварувачи се појавија на стартот од кои 28 ја трчаа „големата патека“ која изнесуваше 30 километри додека на „малата патека“ која беше во должина од 12 километри трчаа 168 натпреварувачи.
Натпреварувачите кои ја трчаа „големата патека“ (30 километри) стартуваа од паркингот на „Еуро Хотел“ – Гратче поминаа низ следните локации: водопади на Голема река – Горно Гратче – рампа-крушка – Голема река – Бабиште – Јастребник – Брана Гратче.
Натпреварувачите чиј број беше значително поголем ја трчаа „малата патека“ (12 километри) исто така стартува од паркингот на „Еуро Хотел“ – Гратче и поминува низ следните локации: –водопади на Голема река – Горно Гратче – рампа – Мегдан врв – Мактеон – брана Гратче.
На крајот сите учесници беа победници на оваа ридска трка, но сепак најдобримеѓу најдобрите беа:
12 километри (мажи): 1. Благој Веселинов, 2. Ибраим Мамудов, 3. Даниел Јанков.
12 километри (жени): 1. Марија Пеликон, 2. Мери Шорова, 3. јелена Ставрева.
30 километри (мажи): 1. Златко Николов, 2. Александар Милески, 3. Иван георгиев.
30 километри (жени): Ангела Величкова, 2. Јасмина Каркински, 3. Валентина Павловска.
Клубот за планинарски спортови „Осоговоски Орел“ беше одличен организатор за што сведочеа и изјавите на голем број од учесниците.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ