УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА ВО КОЧАНИ

мај 17, 2024
0 min read

Општина Кочани годинава учествуваше во најголемата еколошка акција во државата, „Генералка Викенд 24“. Еколошката акција во Кочани се одржа денеска и се расчистуваше на повеќе локации во градот.

Во акцијата учествуваа вработени во општинската администрација, КЈП „Водовод“, ученици од основно и средно образование и децата од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.

Во интерес на заштита на животната средина, денеска Општина Кочани започна и со расчистување на дел од левата страна на потегот над месноста Бавчалук пред излетничкото место Гоцева шума во правец кон Брана Гратче.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ