Претседателот на Советот од претходниот состав, Томе Солевски, за в петок, 12 ноември ја свикува првата конституивна седница на новиот состав на Советот, која ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар, со почеток од 11 ч.
На предлог-дневниот ред се наоѓаат 14 точки:
- Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани.
- Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања.
- Избор на Претседател на Советот на Општина Кочани
- Предлог-решение за формирање Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата
- Предлог-решение за формирање Комисија за култура, образование и спорт и права на децата
- Предлог-решение за формирање Комисија за земјоделство
- Предлог-решение за формирање Комисија за месна самоуправа и граѓански иницијативи
- Предлог-решение за формирање Комисија за здравство и социјална заштита
- Предлог-решение за формирање Комисија за статут и прописи
- Предлог-решение за формирање Комисија за прекугранична соработка
- Предлог-решение за формирање Комисија за финансии и буџет и локален економски развој
- Предлог-решение за формирање Комисија за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита
- Предлог-решение за формирање Комисија за еднакви можности на жените и мажите
- Предлог-решение за определување членови на Советот на Општина Кочани кои ќе учествуваат при склучување на бракови