УТРЕ (САБОТА) Е ДЕН ЗА ФУДБАЛСКОТО КОМШИСКО ДЕРБИ

ноември 19, 2021
1 min read

Утре (Сабота) со почеток во 13:00 часот закажани се натпреварите од 11-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток.

Несомнено е дека натпреварот кој го привлекува најголемото внимание на љубителите на фудбалот  ќе се одигра во Кочани. На програмата е комшиското дерби „Осогово“ – „Слога 1934“, натпревар кој секогаш побудувал голем интерес кај навивачите од двата града. Неизвесноста околу конечниот резултат како и многупати досега ќе биде присутна. Дека се очекува голем и неизвесен натпревар сведочи податокот што виничани се лидери на табелата а „Осогово“ со променливата форма и постигнатите резултати е во грапата екипи кои се борат за зачувување на второлигашкиот статус.

Двојки од 11-тото коло:

„Осогово“ – „Слога 1934“

„Локомотива“ – „Каменица Саса„

„Детонит“ – „Кит Го“

„Беласица“ – „Братство“

„Победа“ – „Кожуф“

С. Ивановски