ВТОРО МЕСТО ЗА ЗЛАТКО НИКОЛОВ НА „TRESKAVEC TRAIL“

Во Спорт
март 10, 2024
1 минути

Со време 02:02:30 Златко Николов, член на КПС (Клуб за планински спортови) „Осоговски орел“ од Кочани го зазеде второто место на „Treskavec Trail“ кој во склоп на „Krali Marko Trails“ се одржа денес во Прилеп.

На патеката која беше во должина од 18,980 километри D+ се појавија вкупно 140 натпреварувачи од 9 држави а победата му припадна на Срџан Мате од Република Србија со време 01:50:39.

Од КПС „Осоговски орел“ потенцираат дека овде не застануваат, напротив, продолжуваат и понатака до нови успеси.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ