НА 29. МАЈ ВО КОЧАНСКО – ТРЕТМАН ОД ЗЕМЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОМАРЦИ

мај 28, 2024
0 минути

На 29 мај 2024 година, ќе се спроведе превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка.

В среда, во вечерните часови (од 20 ч.) стручна екипа на  „Лиса ком МС“ од Кавадарци ќе ја реализира првата фаза од превентивното земјено дезинсекциско третирање за заштита од комарци, со која ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови.

Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен период.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ