ЗА ДЕНЕС ЗАКАЖАНИ ДВЕ ПРОМИЦИИ НА КНИГИ

октомври 16, 2023
1 минути

За денес (Понеделник) се закажани две промоции на книги. Промоциите ќе бидат на две локации; едната во ЈОУ Библиотека „Искра“ и другата во „Фоаје 2“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани.

Во 17:00 часот во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ е закажана промоција на книгата – „Проект на Андреј Стојанов, по зоологија и анатомија“. Промотор на книгата е Тоше Крстев а Модератор, Тања Велкова.

Во 18:00 часот во „Фоаје 2“ при НУ ЦК „Бели Мугри“ е закажана промоција на книгата „Ако се родат некакви чувства“ чиј автор е Блаже Миневски, инаку добитник на престижната македонска книжевна награда„Рациново признание“ за 2022 година.

Промотор на книгата е проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска, а музички гостин е Македонската музичка легенда Драган Мијалковски.

Убав ден за љубителите на убаво напишаниот збор.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ