ООУ „Климент Охридски“ –Облешево, во знакот на хуманоста и со добромисла и молитва за настраданите во пожарот во Кочани, и оваа година пред еден од најголемите христијански празници – Велигден, со своите ученици и вработени, преку едукативни и креативни игри и изработки ја покажаа сета своја умешност и знаеење.
Под мотото- Велигден Христовото Воскресение е симбол на страдание и саможртва за ближните. Со преубави Велигденски изработки, многу игра и забава ,а притоа зачинето со магични експерименти од хемија и природни науки го направија овогодишните предпразнични чествувања поразлични од предходните години.
Полниот училишен двор и собраните парични средства , и секоја насмевка од искрените детски лица ке бидат подарок за оние на кој во овој момент им се најпотребни.
ООУ „Климент Охридски“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ