Денеска Општина Кочани ги награди најдобрите ученици од општината за учебната 2020/2021 година од основните и средните училишта кои освоиле високи места на државен, меѓународен натпревар и олимпијада. Пријави беа пристигнати од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани.
Согласно Програмата за поддршка на образование на Општина Кочани на најдобрите ученици им беа доделени парични награди. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов лично им ги врачи наградите и благодарниците и им изрази благодарност на овие млади локални амбасадори кои постигнаа високи резултати во минатата година и им посака уште многу високи достигнувања.
Бидејќи успехот треба да се наградува и вреднува, Локалната самоуправа и во иднина ќе ја пружа сета поддршка за напредок на учениците во општината.
Општина Кочани