Последни вести

„КЕЈСКАТА УЛИЦА“ ВО ОРИЗАРИ СЕ ПОВРЗУВА СО УЛИЦАТА „АНГЕЛ ДОНЕВ“

Во тек се градежни активности за реконструкција на дел од улицата „Кеј на револуцијата“ во Оризари и нејзино поврзување со улицата „Ангел Донев“.   Стручните служби од Општина Кочани информираат дека се работи на дел со должина 60 м и ширина 7 м, каде што се градат потпорни ѕидови и се поставува армирано-бетонска плоча над…

ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ КОЧАНЧАНЕЦ ВО НЕГОВИОТ ДОМ

На 26.01.2025 во 17.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во својот дом во Кочани бил пронајден починат Ѓ.М.(54). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Дневни билтени на МВР КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И …

ЖИТЕЛИТЕ ОД УЛИЦАТА ИЛИНДЕНСКА ПРЕДУПРЕДУВААТ

Жителите од улицата Илинденска на која неодамна беше поставен нов слој асфалт е речиси пред пропаѓање. Како што истакнуваат откако се завршило со асфалтирањето механизацијата си заминала а работата останала недовршена. Имено на долниот дел од улицата бил поставен потпорен ѕид кој е оддалечен од самиот крај на улицата можеби повеќе од еден метар. Растојанието…

ЗАТРУПАНА СО СМЕТ „ПОНИКВА“ ГИ ПРЕЧЕКА ДЕНЕШНИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ

Огреана со јануарското сонце  и затрупана со смет, денес Пониква најавувана како туристичка дестинација ги пречека посетителите. А тие љубители на природата и на зимскиот туризам имаа што да видат. Уште на паркингот на Пониква купишта смет кој кучињата скитници го разнеле на сите страни. Посетителите кои ни ги испратија фотографиите како под договор кратко…

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КОН ПОНИКВА

На 25.01.2025 во 10.06 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Зрновци – Пониква се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дефендер“, сопственост на МВР и патничко возило „опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(31) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „опел корса“…

АЛЕКСАНДАР АНДОВ ДОБИ НОВ МАНДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОФС КОЧАНИ

Александар Андов го доби вториот мандат за Претседател на ОФС Кочани. Денес во Хотел „Амор“ во Кочани тој ја доби поддршката од сите присутни делегати кои учествуваа на Изборното Генерално Собрание на Општинскиот Фудбалски Сојуз – Кочани. На Собранието од поканетите 28 делегати со право на глас, присуствуваа 27. По усвојувањето на дневниот ред беа…

ОТСТРАНЕТИ НЕДОСТАТОЦИТЕ НА ОГРАДАТА ВО ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Неполни пет дена по објавувањето на електронскиот портал „комарец“ дека оградата поставена во Градскиот трговски Центар пред четири години е во мошне ложа состојба и дека за истата е потребно само желба за да се доведе во првобитната положба. Денес се отстранети сите недостатоци на оградата и истата изгледа како кога беше поставена Сега е…

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКАТА СОСТОЈБА НА ОПШТИНА КОЧАНИ

Салдото на основниот буџет на Општина Кочани на 31.12.2024 година изнесува 12.377.762 денара. Сите финансиски обврски Општина Кочани редовно ги исполнува, со тековна реализација кон економските оператори. Обврските прикажани во Пописот за 2024 година и во Кварталниот извештај редовно се сервисираат, без каква било реакција од економските оператори и во овој момент се значително намалени,…

ПРОГЛАСЕНИ НАЈУСПШНИТЕ СПОРТИСТИ НА КОЧАНИ ЗА 2024 ГОДИНА

Во салата за состаноци на Локалната самоуправа Кочани во средата се одржа состанок на кој беа прогласени најуспешните спортисти на Кочани за 2024 година. Изборот го извршија не како што дваесетина години се најавува  Асоцијацијата на новинари на Кочани која никогаш и не постоела туку секогаш во гласањето учествувал по еден претставник од секој медиум…

ГРАЃАНИТЕ РЕАГИРААТ ЗА НЕНАВРЕМЕНО ЧИСТЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ И СОБИРАЊЕ НА СМЕТОТ

До електронскиот портал „комарец“ во писмена форма и со фотографии пристигна нова реакција од граѓаните на Кочани. Овој пат нивната реакција се однесува за улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“. Во реакцијата стои: „Ѓубрето на улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ не е соберено повеќе од три седмици. Улиците не се изметени од Нова година…