ВО 95 МИНУТА ЈОВАН ДОЈЧИНОВ ДОНЕСЕ ПОБЕДА ПОЛНА СО НАДЕЖ

Во Спорт
април 27, 2024
1 минути

Се играше петата минута од предвидените осум во продолжението од натпреварот „Осогово“ – „Караорман“ кога беше направен фаул над Јован Дојчинов покрај аут линијата пред резервната клупа на домаќините. Следуваше одличен центар-шут а топката сакаше да дојде до Јован Дојчинов кој од само еден метар ја уфрли во небранетиот дел од мрежата на немоќниот Истрефи Бледар. Ерупција од воодушевување и на теренот и на трибините бодејќи овие три бода можат опстанок да донесат на кочанскиот второлигаш.

Инаку и двете екипи денес пред кочанската публика се претставија во бледо светло. Домаќините иако напаѓаа сепак „изгореа“ да дојдат што порано во водство кое ќе им донесеше помирна и поконцентрирана игра. За жал тоа не се случи биде „жетварите“ во гол не успеаја да го претфорат и она што беше повеќе од поволна шанса за гол. жЈован Деспотов во 16’ иако беше сам пред противничкиот голман биеше покрај десниот дирек во гол-аут. Во 27’ Тоше Манов од само неколку метри пласираше со глава а гостинскиот голман успеа да одбрани. Во 45’ по едно убаво нафрлување домашните напаѓачи како да не знаеја што да направат па шансата пропадна. Во првото полувреме гостите единствената шанса за гол ја имаа во 32’ но ударот со глава на Келешоски Ивица заврши покрај левиот дирек на домашниот гол.

Нерешениот резултат од првото полувреме внесе бнервоза кај домаќините па вториот дел го започнаа со многу грешки и без некоја посериозна шанса за гол. Во 57’ гостинската одбрана погреши, Тоше Манов го заобиколи истрчаниот гостински голман и ја сврте топката на неколку метри од гостинскиот гол, следуваше удар на Фикрет Ливарека и домаќините поведоа. Само четири минути подоцна Тоше Манов лошо ја зафати топката и шансата одите во неповрат. Во 63’ гостите го израмнија резултатот. Клечкароски Игор убаво го изведе слободниот удар од преку дваесет метри, топката удри во пречката се одби од земјата повторно во пречката и заврши кај домашниот голман, но судијата на интервенција на неговиот помошник покажа на центарот што предизвика мачни сцени и на теренот и на трибините.

Во 87’ судијата не се најдобро снајде по еден груп фаул од еден гостински играч па на теренот настана вистински хаос. Сите играчи заедно со резервните беа на теренот и не се знаеше кој што прави. Епилогот е три црвени картони, еден за домаќините (Славче Митовски) и два за гостинските играчи (Клечкароски Игор и Далчески Илија).

Но страстите се смирија за што и допринесе погодокот во 95‘ кој го постигнаа домаќините.

Резултати од 26-тото коло:

„Осогово“ – „Караорман“  2:1

„Охрид“ – „Каменица Саса“  1:1

„Новаци“ – „Детонит Плачковица“  0:1

„Беласица“ – „Кожуф“  2:0

„Победа“ – „Вардар“ (Н)  1:1

„Башкими“ – „Скопје“  0:0

„Тетекс“ – „Аресими“  4:6

„Беса“ – „Пелистер“  0:0

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ