ВО ЧИЈА НАДЛЕЖНОСТ Е ОДРЖУВАЊЕТО НА „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“?

август 27, 2024
0 минути

Бидејќи многу работи се знаат а ништо не се знае кога се во прашање Општина кочани, со право еве јавно го поставуваме прашањето „Во чија надлежност е одржувањето на Паркот на Револуцијата).

Кога почна реновирањето на „Паркот на Револуцијата“ какви се негативни коментари имаше во градот и на социјалните мрежи, но по неговото завршување сите главни манифестации се случуваат на тоа место.

Денес сликата во „Паркот на Револуцијата“ не изгледа како што приличи на ваков објект. И по повеќе од година дена уште стои смешно нацртаното знаме ба самиот плочник а неколку метри подолу околу споменикот на Никола Карев ушто погрда е сликата.

Од фекалиите на птиците се шири непријатна миризба а плочниот едноставно е унакажан.

Бидејќи искрено не сме запознаени во чија надлежност е паркот ги замолуваме надлежните во општината да интервенираат да се направат напори да се испратат луѓе или механизација и да се исчисти тој дел бидејќи одовде освен возрасни минуваат и мали дечиња.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ