РЕАКЦИЈА: „НОВАТА УЛИЦА „ЈОРДАН ЗАФИРОВ“ БЕЗ ОДВОД НА АТМОСФЕРСКА ВОДА

ноември 24, 2022
0 минути

„На новоизградената улица Јордан Зафиров нема поставено ниту една атмосферска решетка за одвод на атмосферската вода, туку некое измислено решение со поместување на дел од ивичњаците. После секој дожд улицата е поплавена ша тешко е за поминување со возила  а за пешаци и да не зборуваме“, така гласи реакцијата што ја добивме од наши сограѓани кои честопати поминуваат низ улицата Јордан Зафиров.

С. Ивановски