ДАРКО СПАСОВ, ДРАМАТУРГОТ ОД ТЕАТАР „КОМЕДИЈА“ ДОБИТНИК НА МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА „ПРЕТНАР“ ЗА 2026 ГОДИНА

јуни 6, 2026
0 минути

Со особена чест и гордост информираме дека драматургот на Театар Комедија, Дарко Спасов, е годинешен добитник на престижната Меѓународна награда „Претнар“ – почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“.
Ова високо меѓународно признание се доделува во рамките на фестивалот „Лириконфест“ во Словенија на личности кои со својата долгогодишна и посветена работа дале значаен придонес во меѓународното вмрежување и промоција на поезијата, словенечката литература и словенечкиот јазик ширум светот.
Наградата „Претнар“ се доделува од 2004 година и претставува едно од најзначајните признанија во областа на културната соработка и книжевната дипломатија меѓу словенечките и европските културни простори.
Доделувањето на ова признание на Дарко Спасов претставува потврда за неговата долгогодишна посветеност во развојот на културните врски, афирмацијата на книжевноста и уметноста и продлабочувањето на меѓународната соработка во областа на културата.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ