По само една година по испаѓањето од второлигашкото друштво еден од спортските симболи на Кочани, „Осогово“ експресно се врати во второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија.
Рака на срце „Осоово“ не го помина баражот но среќата му се насмевна во извлекувањето на тоа кои две од трите екипи ќе бидат второлигаши и во време кога следната година ќе слави редок јубилеј „Еден век постоење“ ќе игра во второлигашкото друштво.
И кога вистинските љубители на фудбалот заедно со „Сејмените“ со нетрпение го очекуваат стартот на подготовките за настапи во втората лига почнаа некои чудни игри да се случуваат во позадина.
Имено пред почетокот на пролетниот дел од првенството на заедничкиот состанок со Комисијата за спорт нашиот предлог беше за пролетниот дел да му се префрлат на сметката на „Осогово“ само 50% од она што го следува од Буџетот, но ако „Осогово“ избори второлигашки статус да се донесе одлука на преостанатите 50% да има уште додатни 2.000.000,00 денари. Координаторите на СДСМ и коалиционите партнери и на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери го прифатија тој предлог за што беше по завршувањето на состанокот информиран и градоначалникот на Општина Кочани.
И сега кога треба да се договара со некои играчи и да се прави план за подготовките некој се прави „на Тошо“ како да немало таков договор постигнато, конкретно претседавачот на Советот воедно и еден од Координаторите не го прифаќа тој предлог и во присуство на Претседателот на ФК „Осогово“ спомна дека се работело за некој негов предлог на само додатни 1.000.000,00 денари.
Епа господа ако не знаете а знам дека сте информирани според пропозициите од оваа година секој второлигаш мора да пријави минимум два професионални играчи кои заедно со котизацијата би изнесувало нешто повеќе 20.000 евра.
Ако ви е играта друг клуб да игра наместо „Осогово“ во втората лига излезете и слободно кажете им на сите навивачи на еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија, доколку сакате „Осогово“ во година кога ќе слави „Еден век постоење“ да го гледаме во второлигашкото друштво, тогаш одврзете ко ќесето и исполнете го она што сте го ветиле. Во спротивено овој масакр на „Осогово“ никогаш никој нема да ви го прости.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ