СКАЛИТЕ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“ КОН „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ПРОБЛЕМ ЗА МИНУВАЧИТЕ

јуни 13, 2023
0 минути

Дел од жителите што живеат на улицата „Кирил и Методиј“ како што истакнаа ги чекаат надлежните да ги расчистат скалите кои ја спојуваат оваа улица со Илинденска.

Имено скалите кои се од јавен карактер и кои се во надлежност на општината веќе подолг период им преставуваат проблем на жителите од овие улици. Обраснати со висока треба, гранки од багреми кои се надвиваат над самите скали им преставуваат проблем при минувањето.

Дождовите што во последниот месец дена се честа појава само допринесоа за уште побујна вегетација. Но што ќе се случи доколку не се сега исчистат а дојдат топли денови. Тогаш како што истакнуваат се плашат да ги пуштат своите дечиња да минуваат бидејќи и змиите се честа појава на овој потег од градот.

Како што истакнаа апелираат но и се надеваат дека надлежните ќе интервенираат и ќе ја расчистат бујната вегетација која засега им создава проблем.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ