ВО КОЧАНИ И ДЕЛЧЕВО ОТВОРЕНИ ГОДИНЕШНИТЕ МАЛИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ЗА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Во Спорт
мај 14, 2025
1 минути

Во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија а со техничка организација на Сојузот на спортови – Кочани, денес во Спортската сала при ООУ „Никола Карев“ во Кочани свечено беа отворени годинешните „МОИ Кочани-Делчево 2025“. На спортскиве терени во Кочани  учениците ќе се натпреваруваат фудбал, футсал и кошарка во машка и женска конкуренција, додека во Делчево учениците ќе се натпреваруваат во одбојка и ракомет во машка и женска конкуренција. Натпреварите се играат во два дена, Среда и Четврток.

Александар Туфекџиевски – Претседател на Федерацијата на училишен спорт на Македонија ги поздрави годинешните ученици, им посака во фер и коректна игра да остварат добри резултати за да на крајот игрите ги прогласи за отворени. Директорот на ООУ „Никола Карев“ Александар Андов изрази благодарност што Кочани е избран за еден од двата града домаќини на оваа завршна манифестација.

Во текот на денешниот ден во Кочани се одиграа натпреварите во фудбал – девојчиња, футсал – момчиња и кошарка момчиња по што се добија победниците.

Девојчињата  ООУ „Никола Карев“ се победници во категоријата фудбал со што го повторија минатогодишниот успех, во футсал победничкиот пехар го освоија момчињата од училиштето „Петар Поп-Арсов“ – Скопје до дека во кошарка беа момчињата од  од „Крсте Мисирков“ – Куманово.

Натпреварите продолжуваат утре.

С. Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ