БОРАЧИТЕ НА „СПАРТАК“ ЗА БАЛСКАНСКОТО ПРВЕНСТВО СЕ ПОДГОТВУВААТ НА „ПОНИКВА“

Во Спорт
август 23, 2024
1 минути

Осуммина борачи на „Спартак“ од Кочани предводени од тренерскиот двоец Влатко Соколов и Иван Јанев како и од претседателот на клубот Зоран Сребренов во текот на вчерашниот ден (Четврток) заминаа на шестдневни подготовки на „Пониква“.

Сместени се во приватна викендичка која има доволно простор да ги угости сите единаесетмина.

Целта на овие подготовки е да младите борачи на „Спартак“ што поподготвени го дочекаат Балканското првенство У-15 кое од 04 до 08 Октомври ќе се одржи во Скопје (Република Македонија).

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ