К О Н К У Р С

јули 27, 2023
1 минути

К О Н К У Р С

за учество во Изборот на жетварска убавица 2023

Општина Кочани распиша конкурс за избор на жетварска убавица во манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“.

На  конкурсот  може да  се  пријават девојки кои се жители на општина Кочани и се на возраст од 16 до 20 години.

Општинската администрација ќе изврши претселекција на пријавените кандидатки. Поднесените апликации за избор на жетварска убавица ќе бидат објавени на фејсбук-страницата на Општина Кочани, а изборот ќе се одвива онлајн, односно со најмногу собрани допаѓања на апликацијата на кандидатката.

Ќе бидат доделени три награди, односно за жетварска убавица, прва и втора придружничка со награден фонд: за жетварска убавица 10.000 денари, за прва придружничка 6.000 денари и за втора придружничка 4.000 денари.

Избраната жетварска убавица и нејзините придружнички ќе бидат крунисани на една од главните вечери кои се дел од програмската манифестација, и ќе учествуваат во обичајот зажнејување.

Пријавувањето е од 27 јули до 14 август 2023 година, со доставување на пополнета Пријава и Изјава кои се прикачени во конкурсот.

Со поднесената пријава, кандидатките треба да испратат и своја фотографија во етностил.

Пријавување на: info@kocani.gov.mk 

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ