ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРАЗНИЧНОТО ДЕФИЛЕ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ДЕНОВИ НА КОЧАНСКИОТ ОРИЗ 2023“

септември 14, 2023
1 минути

Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“, на 30 септември, со почеток од 17 ч., во централното подрачје на Кочани ќе се одржи Празнично дефиле, на кое ќе можат да се претстават јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и физички лица.

Општина Кочани, како организатор на манифестацијата,  ќе им овозможи на учесниците во дефилето два начина на претставување: со дефилирање од Градскиот плоштад по улицата „Маршал Тито“ до Паркот на Револуцијата, и со прикажување краток перформанс на крајот на движењето, на сцена во Градскиот парк.

За да биде Празничното дефиле што помасовно, Организацискиот одбор на манифестацијата ги повикува сите заинтересирани да го пријават учеството и да ги афирмираат своите активности од најразлични области: спорт, култура, образование, социјална заштита. Настанот им дава можност и на приватните фирми и на институциите, на креативен начин да ги претстават своите производи, можности и начин на работа.

Пријавувањето за учество во дефилето е електронски, на е-адресата: info@kocani.gov.mk, како и на телефонските броеви на поканата и пријавата за учество  коишто се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ