ВО КОЧАНИ ЗАПОЧНА СО РАБОТА НОВАТА МУЗИЧКА ШКОЛА „SOUND CENTAR“

октомври 4, 2023
1 минути

Музичката школа „Sound Centar“ во Кочани официјално започна со работа.

Лоцирана во простории кај Спортската сала „Сашо Лазарев Чапо“ музичката школа нуди можност за изучување на гитара и ударни инструменти за деца, тинејџери и возрасни, за лица од 6 до 66 години.

Со школата раководи наставникот по гитара Воислав Петров, а изучувањето на ударни инструменти е доверено на Емил Милев.

„Од денеска официјално започнува со работа музичката школа „Sound Centar“. Во школата ќе се изучува електрична, акустична, класична и бас гитара и ударни инструменти. Наставата ќе се одвива како индивидуални часови и групна настава, а освен пракса ќе се изучува и теорија. Сите заинтересирани, од сите возрасти што имаат желба за музика може да се пријават во училиштето“, истакна Воислав Петров од „Sound Centar“.

Од музичката школа „Sound Centar“ истакнаа дека се задоволни од заинтересираноста за изучување на гитара и ударни инструменти.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ