На ден 02.11.2025 год. (недела), по повод осветување на манастирот Источен Петок-Балаклија, во м.в Добра Вода во с.Оризари, ќе се одржи голем народен собир кој ќе започне со Света Божествена Златоустова Литургија со почеток од 08:30 часот.
По Светата Литургија ќе се изврши Чин Освет на темели на нова кујна, а по осветувањето ќе се благослови и трпеза на љубовта, благословен ручек.
Свештениците од Оризарската парохија ги покануваат сите православни верници на заедничка молитва.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
