Во тек се подготовките за реновирање на зградата на некогашниот „Југотутун“ во Кочани.
Извадена е веќе комплетната столарија (врати и прозорци) што навестува дека зградата ќе се реновира и дека некој моќник ќе гради нешто ново.
Кружат приказни дека компанијата „КАМ“ ќе гради магацини во старата зграда, а дека е планирано во тој круг изградба на друга зграда и бањолошки центар кој исклучиво ќе го користи едно од богатствата на Кочани, топлата вода.
Граѓаните кои денес ни испратија фотографии и со кои контактиравме упатуваат јавен апел до советниците на Општина Кочани да бидат внимателни за што ќе се намени некогашниот „Југотутун“ и што и како ќе користи евентуалниот бањолошки центар.
Време е сега да со дознае вистината за да потоа не биде се предоцна.
С. Ивановски