ВО ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ОБЛЕШЕВО ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

април 22, 2024
1 минути

Денешниот ден 22 Април –Ден на планетата Земја ,нашето училиште ООУ „Климент Охридски“ –Облешево го искористи за активности поврзани со екологијата и зачувување на животната средина.

Група екологисти и професори од тимот на господинот Томе Стојанов познат како Томе –Гинко, кој како ентузијаст и одгледувач на познатото Гинко дрво, заедно со директорот на ООУ „Климент Охридски“ –Облешево Јорданче Костадинов оваа иницијатива за засадување на Гинко насади ја воздигнаа на меѓу општинско ниво.

На денешната презентација учествуваа и ученици и наставници од ООУ „Никола Карев“ – Кочани. ООУ „Страшо Пинџур“-Карбинци, ООУ „Синиша Стоилов“ –Зрновци, и ООУ „Страшо Пинџур“ –Чешиново.

Учесниците научичија како правилно од семка да израсна и засадат Гинко дрвце, и да ја прошират оваа Гинко-шума во нивните училишта. Со тоа оваа акција која ја насловивме како Гинко Колонија добива поголема масовност и се надеваме ќе ја подобри еколошката свест и кај децата и кај возрасните. Благодарност и за проф. др. Владимир Јаќовски и екологист инж., Сашко Тодоровод од ЕКО ВИТА Неготино кои со своето присуство и презентација од својата научна свера го збогатија ова еко- дружење.

Проф.др. Владимир Јаќовски познат иноватор кој што презентирашез а што се може да се употреби лушпата од оризовата арпа. Биологот Сашко Тодоров на учениците им го претстави своето искуство во производство на печурки во домашни услови и одгледување на инсекти како храна за домашните животни.

Задоволните и среќни детски лица се доказ и предизвик да го продолжиме овој проект во поголеми размери,и да го развиваме заедно со наставниците и учениците и се надеваме ке предизвика интерест кај нашите сограгани. Им се заблагодари организаторот на оваа еко манифестација директорот на ООУ „Климент Охридски“ –Облешево Јорданче Костадинов.

ООУ „Климент Охридски“ –Облешево

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ