ПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ НА МРЕЖА ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА МОНИТОРИНГ НА ЗРАЧЕЊЕ

март 10, 2023
1 минути

Во непосредна близина на Центарот за јавно здравје – Кочани започна поставувањето на платформата на која ќе биде инсталирана мрежа за рано предупредување за мониторинг на радијација (EWRMN) која е дел од Проектот за набавка и инсталирање на опрема за поставување на национални мрежи за следење на радијацијата за рано предупредување (EWRMN)  во земјите од Западен Балкан. Со ова ќе им се овозможи на земјите од Западен Балкан меѓу кои е и Македонија, да ја интегрираат мрежата на ЕУ за следење на радиоактивноста на животната средина EURDEP.

Со поставувањето на опремата ќе може мошне бргу да се реагира на какви било настани настанати со ослободување на радиоактивни материи, со вршење на пребарување, категоризација и прелиминарна карактеризација на тој радиоактивен материјал.

Ваквите мониторинг станици ќе бидат поставени од страна на Институтот за јавно здравје во неколку градови на Македонија, а во соработка со Центарот за јавно здравје – Кочани ќе биде поставена и во Кочани й истите ќе бидат од големо значење и придонес како за граѓаните, така и за одржување на животната средина.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ