Во организација на БК „Спартак“ од Кочани, во Сабота (13.12.2025 година) на програмата е 25. издание на Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2025“.
Годинава на турнирот кој се совпаѓа со редок јубилеј „65 години борење во Кочани“ своето учество го пријавија клубови од Македонија, Бугарија и Косово.

Право на настап имаат деца (пионери и кадети) на возраст од 11 до 17 години.
Елиминационите борби започнуваат во 10:00 часот а финалните се закажани за во 15:00 часот.
Годинешниот Меморијален меѓународен турнир ќе биде посветен на „Кочанските Ангели“.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
