ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА ЗА ЖЕНИ, КОЧАНЧАНКИ СЕ ЛИЗНАА ВО ВЕЛЕС

Во Спорт
ноември 20, 2022
1 минути

Се одиграа натпреварите од 9-тото коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Домаќините и гостите славеа на по два натпревари додека еден натпревар заврши без победник.

Девојчињата на „Кочани“ по освоениот бод со „Шкендија“ во минатото коло до оптимизам отпатуваа во велес на мегдан на последнопласираниот „Борец“, но иако „жетварките“ поведоа сепак конечниот резултат гласеше во полза за велешанки и скок на табелата.

Дерби натпреварот се одигра во Македонска Каменица каде екипата на „Тиверија“ го изненади лидерот на табелата и со три освоени бода си замина за Струмица.

Во Скопје немаше победник, а дојранчанки успеаја да ја совладаат симпатичната екипа од Речица. Минатогодишниот Шампион „Љуботен“ покажа кој е кој во женскиот фудбал во тетовското дерби.

Резултати од 09-тото коло:

„Борец“ – „Кочани“  3:1

„Скопје 2014“ – „Ас Јунајтед“  2:2

„СЦ Истатов“ – „Речица“  2:1

„Шкендија“ – „Љуботен“  0:9

„Каменица Саса“ – „Тиверија“  0:1

Слободна беше екипата на „Деспина“

С.  Ивановски