ВОДАТА ОД МАСАЛНИЦА РИЗИЧНА НА ПОТЕГОТ ОД ДОБРА ВОДА КОН ОРИЗАРИ

јануари 11, 2026
1 минути

По пријава од жителите на селото Оризари за забележани напукнувања на асфалтот на патот што води кон месноста Добра Вода, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и директорот на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ Дејан Анакиев, излегоа на терен за увид во состојбата и преземање итни мерки за заштита.

Поради сериозното надоаѓање на водата и опасноста од оштетување на патната инфраструктура, ангажирана е механизација којашто е спуштена во речното корито со цел да се регулира текот на Масалница и да се спречи натамошното поткопување и евентуалните штети.


„Безбедноста на граѓаните и заштитата на инфраструктурата се наш приоритет. Веднаш по добиената информација излеговме на терен и ангажиравме механизација за да се стабилизира коритото и да се спречат поголеми последици. Состојбата постојано се следи и ќе преземеме дополнителни мерки доколку има потреба,“ вели градоначалникот Грозданов.

Според кажувањата на мештаните, вакво надоаѓање на водата не паметат повеќе од 20 години, а на одредени места длабочината на Масалница достигнува и до 1,5 метар, што дополнително ја усложнува состојбата на терен.

Надлежните служби остануваат на терен и ја следат состојбата, а Општина Кочани апелира до граѓаните на внимателност и навремено пријавување на евентуални нови проблеми.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ