ВОЗАЧИТЕ СО ПРАВО ПРАШУВААТ КОГА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕН КРУЖНИОТ ТЕК „ВОЗИ МИШКО“

март 13, 2022
0 min read

Минатата сабота додека трае протестите пред влезот на фабриката „Пејпар мил“ поради загадувањето на воздухот, на само неколку чекори подалеку реакциите на учесниците во сообраќајот не стивнуваа. Револтирани од одолговлекувањето на изградбата на кружниот тек како што многумина веќе го нарекуваат „Вози Мишко“ (Извадок од култниот филм Кој тоа таму пее) не стивнуваат.

Работниците не знаеја да им одговорат на прашањата до кога вака ќе возат по нерамен дел и ќе си ги оштетуваат возилата.

Дознаваме дека одговорните во општината причината поради која уште не е завршен целосно кружниот тек „Вози Мишко“ ја упатуваат кон изведувачот на објектот.

Што и да е, мора да се изнајде начин овој проект да биде целосно завршен и да учесниците во сообраќајот ги немаат повеќе проблемите со кои се соочуваат.

С. Ивановски