ПО РЕАКЦИИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ПАЗАРОТ ОД ЛЕВАТА СТРАНА НА РЕКАТА ИСЧИСТЕН

март 13, 2022
1 минути

По оправданите реакции на повеќе граѓани за лошата состојба на дел од Градскиот пазар особено на левиот дел од Кочанска река, во текот на вчерашниот ден единиците во состав на КЈП „Водовод“ за одржување на хигиената во градот го исчистија целиот терен.

Приложените фотографии покажуваат дека се е исчистено но сепак прашањето е до кога?

Инаку овој дел од градот е еден од најнеосветлените што дава поттик на оние кои не се грижат многу за чист и убав град сметот наместо во контејнерите да го ставаат онаму каде што ним ќе им текне.

Се надеваме дека надлежните ќе изнајдат начин и овде да постават 2-3 светилки што нема да е на одмет.

С. Ивановски