ВРАЧЕНИ ШАМПИОНСКИТЕ ПЕХАРИ НА ПИОНЕРИТЕ И ПОМЛАДИТЕ ПИОНЕРИ НА ГФК „ОСОГОВО“

Во Спорт
мај 15, 2022
1 минути

Дејан Боневски, член на комисијата за млади категории при ФФМ денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани им ги врачи Шампионските пехари на капитените од категориите „пионери“ и „помлади пионер“ на ГФК „Осогово“.

Честитајќи им ги првите места во третата младинска лига, Боневски им посака на младите играчи да продолжат да играат фудбал и да ја вратат славата на „Осогово“ несомнено еден од најстарите активни клубови во Македонија.

На церемонијата на врачувањето на пехарите присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов кој освен честитки за освоените први места а тренерите им посака и понатамошна успешна кариера а на младите играчи им посака заедно со клубот да дојдат до Првата Македонска Фудбалска Лига.

 

За потсетување, „пионерите“ на ГФК „Осогово“  со нивниот тренер Доминик Тенев и на „помладите пионери“ на чија клупа се наоѓа Тоде Митев убедливо ги освоија првите места неколку кола пред да заврши првенството.

Честитки за играчите и нивните Стручни штабови.

С. Ивановски