ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ИСТОК, „ПОБЕДА“ – ШАМПИОН, „БЕЛАСИЦА“ ВО БАРАЖОТ, „ОСОГОВО“ НАЈГОЛЕМ ГУБИТНИК

Во Спорт
мај 14, 2022
1 минути

Со одигрување на натпреварите од 27 коло се спушти завесата на годинашното првенство во Втора Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ иако победи на гостувањето кај „Братство“ сепак е најголемиот губитник бидејќи резултатите во Радовиш и Пехчево не беа по мерка на „жетварите“. Тоше Манов постигна четири гола (40’; 48’ 60’ 88’) па извештајот од овој натпревар најдобро би било кога би гласел „Братство“ – „Тоше Манов“ 2:4 (1:1).

Во Виница „Слога 1934“ иако беше речиси цело првенство на првото место не успеа до најголемиот успех, Прва Фудбалска Лига. Виничани во последните три натпревари освоија само еден бод што не им даде шанса ниту да играат ниту во баражот. Денес лидерот „Победа“ со доста мака ја совлада „Слога 1934“ и ја потврди шампионската титула.

„Беласица“ без доста напори славеше во гевгелија со што ќе разигрува во бараж натпреварите за влез во Прва Фудбалска Лига.

„Каменица Саса“ која во претходните кола им го загорчи „животот“ на комшиите од Виница и Кочани и денес беше тврд противник во Радовиш но не успеа да направи изненадување па така „Детонит јуниор“ успеа да дојде до три бод кои го оставаат во Втората Фудбалска Лига.

Во Пехчево домаќините со сигурна и ефикасна игра ја совладаа одамна отпишаната „Локомотива“.

Резултати од 27 коло:

„Братство“ – „Осогово“  2:4

„Слога 1934“ – „Победа“  1:2

„Детонит јуниор“ – „Каменица Саса“  2;1

„Пехчево“ – „Локомотива“  3:0

„Кожуф“ – „Беласица“  1:3

Конечна табела: „Победа“ 62, „Беласица“ 59, „Слога 1934“ 55, „Каменица Саса„ 45, „Кожуф“ 37, „Пехчево“ 34, „Детонит јуниор“ 34, „Осогово“ 31, „Братство“ 15, „Локомотива“ 7.

„Победа“ е новиот Шампион, „Беласица“ ќе игра во баражот, а лигата ја напуштаат „Локомотива“, „Братство“ и „Осогово“.

П.С. Претходно објавиваме дека во Радовиш натпреварот „Детонит јуниор“ – „Каменица Саса“ заврши без победник бидејќи така објавија релевантните информативни гласила. Се извинуваме на читателите.

С. Ивановски