ВРЕЌАТА СО СМЕТ ЕКСПРЕСНО ОТСТРАНЕТА ОД ГТЦ

март 1, 2023
0 минути

По се изгледа беше потребно да биде објавено па да вреќата со смет која повеќе од два месеци го „красеше“ Градскиот Трговски Центар во Кочани биде отстранета.

Уште во претпладневните часови вреќата ја немаше па минувачите на кои им „сметаше“ сега слободно се движеа по патеката.

Дали е потребно постојано да се укажува на вакви појави за да некој се погрижи околината да ни биде почиста е нешто за што треба добро да се размисли.

С.  Ивановски