ВТОР МEМОРИЈАЛЕН ФУДБАЛСКИ ТУРНИР „САШКО РОМАНОВ“

Во Спорт
јуни 21, 2025
0 минути

На теренот за мал фудбал во дворот на ОУ „Никола Карев“ денес се одржа вториот Меморијален фудбалски турнир „Сашко Романов“ во знак на сеќавање на еден од најголемите љубители на фудбалот во Кочани, успешен стопанственик и преди се голем човек, кој за жал прерано си замина.

Годинава поради состојбата во Кочани се одигра само еден натпревар на кој се појавија неговите другар, пријатели и преди се сите вљубеници во фудбалот со кои Сашко постојано играше мал фудбал.

Резултатот беше во втор план а натпреварот заврши без победник 7:7. Со одигрувањето на овој натпревар сепак се потсетивме на еден голем човек чија насмевка никого не оставаше рамнодушен.

Вечна ти слава Саше

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ