ВТОРА ПОБЕДА ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА НА ЖФК „КОЧАНИ“

Во Спорт
ноември 21, 2021
0 минути

Девојчињата на „Кочани“ ја забележаа и втората победа во годинешниот шампионат на Взора Фудбалска Лига за жени.

Тие денес како домаќини ја совладаа екипата на „Победа“ од Валандово со 17:0 (9:0) и со две победи и гол разлика 21:0 се во горниот дел на табелата.

Денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани подмладениот состав на тренерот Оливер Јовановски ја декласира неискусната екипа од Валандово, и со својата игра покажаа дека се кандидати за највисок пласман и по година пауза враќање во Првата Фудбалска Лига за жени.

Головите за кочанчанки се дело на Ана Горгиева 5, Мила Панова, Андреа Донева и Нела Донева по 3, Теодора Димитрова 2 и Симона Веселинова 1.

Во следното коло „Кочани“ гостува на „Кул Здравје“.

С. Ивановски