„ОСОГОВО“ РЕГИСТРИРАШЕ УШТЕ ТРОЈЦА НОВИ ИГРАЧИ

Во Спорт
август 4, 2023
1 минути

На една седмица до стартот на првенството во Втора Фудбалска Лига второлигашот од Кочани регистрираше уште тројца играчи а како што дознаваме во текот на овие денови панирани се уште неколкумина.

Според моменталниот состав „Осогово’ натпреварите во второлигашкото друштво ќе ги дочека со тим составен од повеќе млади играчи кои со неколкумината искусни би требало да бидат нешто ново, нешто што ќе се впушти во борба за зачувување на вторлигашкиот статус.

Јован Дојчинов (2003) е повратник во редовите на „Осогово“ откако пролетниот дел од минатото првенство го помина во „Слога 1934“ од Виница.

Дарио Методиевски (2004) играч за врска доаѓа од „Кул-Здравје“ од Скопје, а Иван Пашариковски (2003) кој може да игра и по левата бочна страна и како офанзивен играч за врска во „Осогово“ доаѓа од екипата на „Тетекс“.

Иако беше планирано овој викенд „Осогово“ да одигра уште еден контролен натпревар, до такво нешто нема да дојде а следниот натпревар кој „жетварите“ ќе го играат е во рамките на првото коло во Втора Фудбалска Лига кое започнува следната сабота а противник во Кочани ќе им биде екипата на „Беса“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ